
Аларманта е ситуацијата со високиот крвен притисок пред Нова година во Штип – Итната медицинска помош преполна пациенти. Според д-р Томица Наков, во одредени денови дури 90 проценти од истите доаѓаат со симптоми на нагло покачен крвен притисок. Апелира, пациентите да се консултираат со своите матични лекари, да извршуваат почесто мерење и редовна контрола на крвниот притисок , особено во празничните денови со цел да се спречат несаканите удари. Како најсигурен начин за мерење, советува да се кори живин монометар, наместо дигитален апарат, кој често покажува отстапувања.
,,Ги приметуваме сега поголем број пациенти кои што доагаат со изразит висок крвен притисок, со хипертензија, луѓе кои што се хроничари и си имаат редовна терапија за хипертензија, но секако има доста варијации во нивниот крвен притисок, дури имаме денови кои што буквално сите пациенти можеме да кажеме дека над 90 проценти се со таа симптоматологија. И една препорака до сите пациетни, кои што се клафицирани како хронични хипертензичари овој период од годината да мерат по често крвен притисок. Дали дома, дали кај матичните лекари. Да се прави една табела во која што ќе се мери наутро, поручек и навечер. Пожелно е да иде со живин монометар, да не биде со дигитален, затоа што до сега се имат покажано дека се 50-50. Некој се точни, некои имаат доста големи варијации.“, рече Наков
Најголем штетник во Македонија е храната, потенцираше Наков, потенцирајќи дека масната и солена храна го креваат притисокот, со што може да дојде до влошување на состојбата.
,,Пациентите кои што се во нашето поднебје и нашиот менталитет генерално храната е најголем индикатор, за појавата на висок крвен притисок, поради тоа што нашата кујна, посебно сега пред празниците, имаме по масна храна, солена, која што пациентите треба да знаат дека треба да ја избегнуваат или да ја конзумираат во помали колични, поради тоа што доага до влошување на нивната состојба на крвниот притисок. Ние како лекари даваме терапија , но од кога пациентот ќе излезе од нашите врати, oдговорност е веќе на него.“, додава Наков
Самите пациенти, како што рече Наков, треба да се придржуваат на правила, кои што се сугерирани од нивните лекари за да не дојде до влошување на нивната состојба. Доколку има влошување или варијација, Наков вели пациентите треба да се јави на преглед кај своите матични лекари, кој што го изнаат историјатот на нивната болест и ќе може да се превенира навремено.
Иван Митев, М-Нет