Приведени две момчиња во Штип, по пријава за гласна музика се степале

На 20.12.2025 во 05:20 часот по претходна пријава за гласна музика на ул. “Асном” во Штип, било интервенирано од страна на полициски службеници од СВР Штип, при што бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(26) и С.К.(21) двајцата од Штип. Лицата се приведени, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.