Жена во делчевско платила 1,000 евра за амајлија да ги реши семејните проблеми, била измамена

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември 2024 и во март 2025 година, измамил 42-годишна жена од делчевско ветувајќи дека може да ѝ изработи „амајлија“ со која ќе ги реши семејните проблеми, а за услугата во два наврати зел по 30.000 денари, со што ја оштетил за вкупно за сума од 60.000 денари.