
На 21.12.2025 во 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. “Осоговска” во Македонска Каменица го лишија од слобода С.Л.(29) од Македонска Каменица. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал С.Л. со патничко возило “ауди” со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било констатирано дека С.Л. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,64 промили алкохол во крвта.
На 21.12.2025 во 03:05 часот, полициски службеници од СВР Штип на регионалниот пат Берово – Струмица го лишија од слобода Ѓ.С.(43) од село Русиново, беровско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Ѓ.С. со патничко возило “пежо” со беровски регистарски ознаки, било констатирано дека Ѓ.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.