
Кошаркарите на Соколи забележаа нова висока победа откако во преполната сала „Јордан Мијалков“ во Штип со 90:65 го добија тимот на Овче Поле во меч каде штипјани доминираа и стигнаа до високиот триумф со тоа го продолжуваат патот за влез во елитното друштво.
Уште од сам стар „соколите“ најавија дека ќе „прелетаат“ за нов триумф, откако во првата четвртина беа подобри со 18:12, а во втората со 25:15.
Во продолжението од мечот продолжи одличната игра на тимот на Тоше Димиќ откако во третиот период Соколи беше подобар во 26:16, а последната четвртина му припадна на тимот од Свети Николе со 21:22 за конечни 90:65.
Александар Ванев, М-Нет