
Со еднонминутен молк, положување букет цвеќе пред спомен бистата на Васил Доганџиски и Јаким Стојков се одбележа 83 година од невината смрт. Преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели оддадоа чест, а беше подготвен и пригоден говор.
„За да одбележиме 81 година од нивното погибие, 81 година од излегувањето на првиот плачковички партизански одред и неговото разбивање. Ставот и подготовките на партиското членство за вооружена борба против фашистичкиот окупатор Германија, Бугарија и Италија не само овде во Штип туку и во цела Македонија бил присутен уште од самиот почеток на окупацијата. Веднаш по окупацијата на бивша Југославија, Германија дозволила својот бугарски сојузник со својата војска да навлезе и да ја окупира источна и централна Македонија.“ – вели Мицевски.
Подоцна уште во 1941 година била донесена одлука за формирање на два одреда еден плачковички и еден лакавички, но заради присуството на големи воени и политички сили во Источна Македонија, особено во Штип не се реализирала ваквата идеја.
Настанот заврши со честитки за одбележување на празникот Свети Никола, кој е заштитник на градот Штип,
Иван Митев, М-Нет