
Драстично намален долгот на ЈП „Комуналец“ од Пехчево. Како што истакна градоначалникот, Александар Китански, се уште не исплатен целиот долг, но во последните четири години е намален и претпријатието е повеќе функционално. Додава дека се работи, има доволно вработени, редовно се собира отпадот, а граѓаните плаќаат за услугите кои ги добиваат
„Комуналното претпријатие има долгови ама ние како општинска администрација и како општина се трудиме колку што можеме, за претпријатието да биде во добра кондиција, бидејќи ккомуналните претпријатија се сервис на општината. Во Општина Пехчево редовно се собира отпад и се плаќа за тоа“ – вели Китански.
Дополнително започна и пошумувањето на одредени локации во Пехчево, по пожарите кои ја зафатија општината изминатите години. Во координација со ЈП Национални шуми се работи на локации кои беа опожарени со цел да се помогне да се вратат во првобитната состојба.
Старо новиот градоначалник посочи дека се работи на проекти кои се започнати од преходно, но и на нови приоритети во самата општина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет