
Утревечер ќе се одигра премиерата од преставата „Ковчег за двајца“ во штипскиот народен театар. Ова е предпоследна премиера за оваа тековна година, за која картите веќе се распродадени.
„Станува збор за „Ковчег за двајца“, која воедно е и претпоследна за оваа година, бидејќи паралелно со ова се работи на уште една детска престава. „Ковчег за двајца“ е во режија на Никола Ристов, и мислам дека Штип заслужува да имаме една ваква престава“ – вели Ристевски.
Станува збор за комедија, во која на ден на изборите се продава ковчег на двајца кандидати. Самиот процес преставуваше предизвик и за режисерот и за актерите, но сите согласни дека било интересно и забавно.
„Оваа наша престава иако е комедија, целото дејство се случува во една агенција за погребални услуги, што само по себе беше голем предизвик за нас.“ – вели Ристов.
Со оваа престава се збогатува програмата на Народниот театар во Штип, и понудата која се нуди на граѓаните.
„Решивме да направиме една копродукција за да ја збогатиме програмата. Околу ликовите – секогаш е добитна комбинација кога има несекојдневни ситуации во некои чудни места.“ – вели Вратеовски.
Во меѓувреме, се бара карта плус за секоја престава, па како што вели директорот показателот е движењето е одлично. Преставата „Ковчег за двајца“ ќе се игра и во вторник на 9 декември.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет