Вртоглави цени на првиот петок од декември на пазарот во Штип, се купуваше најосновното

Високите цени ги вратија купувачите со празни торби накај дома, денес од пазарот во Штип, граѓаните купуваа многу скромно само најосновното. Поминуваа покрај секоја тезга и со отворена уста заминуваа. Само морков, зелка, компири и јаболка, колку да се издржи до другиот петок. Велат почеток на месецот, но крајот им се чини долг, мора да се штеди, бидејќи доагаат убави празници.

Дека побарувачка е слаба, согласни и продавачите. Според нив, пари се има, но нема кој да купи. Младите во странство, старите купуваат килограм до две.

Инаку, овој петок се продаваше и јапонското јаболко, мандарината, како и домашни чаеви од планина. Се бараше во мали количини и домашна зимница, од производители на кои што им веруваат.

Иван Митев, М-Нет