
Пет натпревари се одложени за 14. февруари 2026 година од последното 15-то есенско коло на Втора лига, а три мечеви сепак ќе се одиграат овој викенд.
Обилните врнежи од дожд ги одложи натпреварите меѓу Детонит Плачковица – Скопје, Слога Виница – Охрид, Осогово – Новаци, Кожуф – Вардар Неготино, Големо Коњари – Тетекс, а натпревари кои ќе се одиграат утре се Шкендија Арачиново – Каменица Саса, Победа со Брегалница, додека пак во недела ќе играат Беласица со Преспа.
Тоа значи последното есенско коло ќе биде расцепкано на два дела, ќе започне овој викенд ќе се комплетира на 14. февруари идната година.
Причината за одложувањето беше поплавените терени на второлигашите.
Александар Ванев, М-Нет