,,Татко“ е новата песна на кантавторот Саше Георгиев од Кочани

,,Татко“ е новата песна на кантавторот Саше Георгиев од Кочани, која што беше снимена во изминатиот период. Вложувајки ја целата емоција и искреност, Георгиев и овој пат успеа да создаде дело, преку кое ја пишува љубовта кон неговиот татко. Во неговата нова композиција се зборува за неговите спомени, но и болката, преку кои како што и тој вели се носат силни пораки до сите слушатели. Со својот препознатлив стил, Георгиев уште еднаш ја потврди својата посветеност кон македонската музичка традиција и современото авторство.
Инаку, музичарот Саше Георгиев во претходниот период ја објави и песната Роб на спомени, Свири хармонико стара, а минатата година снимаше песна заедно со познатиот турски пејач Четин Гјундер.