
Природниот прираст е негативен во третото тромесечје од 2025 година, и изнесува -418, информираат од државниот завод за статистика. Тоа значи дека за 418 лица е помал бројот на живородени деца од бројот на умрени деца.
Ситуацијата е идентична и во сите општини од Источниот регион. Бројот на умрени деца во сите 11 општини е поголем споредбено со бројот на живородени деца. Најголема отстапка има во Кочани, каде природниот прираст е -52, во Берово -42 и во Делчево -34.
Од друга страна, Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и е зголемен за 3.7 %.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се умрени доенчиња.
Во ова тромесечје е намален и бројот на склучени бракови. Склучени се 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Во Истокот најмногу бракови има склучено во Штип однонсо 74, во Кочани 61 и во Виница 34. Во овие општини е најголем и бројот на разводи, однонсо нивната бројка е 26 во Штип, 10 во Кочани. Во помалите општини како Берово, Пехчево, како и во руралните Чешиново – Облешево, Зрновци и Карбинци не се регистрирани разводи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет