Детонит Плачковица со тешко гостување кај Охрид, неизвесен дуел во Македонска Каменица, Слога Виница гостува во Ресен

Второлигашите утре ги играат натпреварите од вонредното 14. коло кое е претпоследно есенско коло. Нема многу одмор во финишот на есенската полусезона, во петокот беа одиграни натпреварите од 13. коло, веќе утре се игра 14. коло, а в сабота последното 15. коло за оваа есен.

Каменица Саса на домашен терен ќе се соочи со Беласица во меч кој се очекува да биде неизвесен, „рударите“ дома секогаш се тежок противник за триумф, Беласица ќе има нов предизвик, но воедно и поправен по поразот од Новаци на домашен терен.

Брегалница на Градскиот стадион во Штип ќе ја пречека екипата на Осогово. „Сините“ се силно мотивирани после големата победа над Шкендија Арачиново за продолжува на победничката серија против „жетварите“ кои се надеваат на позитивен резултат откако тимот од Кочани започна со позитивни резултати.

Момците на Влатко Костов посакуваат триумф, а со кикс на Шкендија Арачиново, може да избијат на првото место.

Скопје како фаворит на домашен терен ќе се соочи со последнопласираниот Големо Коњари, а пак Детонит Плачковица го очекува тешко гостување кај Охрид, во дерби на колото. „Рибарите“ сакаат продолжува на победничката серија и шест од шест, а пак радовишани посакуваат барем и бод.

Новаци на домашен терен ќе го пречека лидерот Шкендија Арачиново, терен каде многу фаворити губеле бодови во минатото, тимот од Арачиново ќе сака триумф со цел да го сочува првото место.

Преспа има идеална шанса на домашен терен да забележи нов позитивен резултат против разнишаната Слога Виница. Тимот од Ресен на свој терен ќе бара три бодови како единствена цел и можност за значителен прогрес на табелата, но и зацврстување околу бараж зоната. Воедно ова ќе биде реприза од баражот за Втора лига, тогаш доминираше Слога Виница, но многу работи се промените во тимот од Виница, па ќе биде тешко за нив оваа гостување.

Тетекс пред верните „Војводи“ ќе се соочи со Кожуф, дуел и борба за три бодови на екипи кои сакаат директен опстанок и да презимат во топ осумте на табелата.

Александар Ванев, М-Нет