
По големата победа на Брегалница над Шкендија Арачиново „сините“ на Влатко Костов ќе сакаат триумф и над Осогово на домашен терен и со тоа можност да се вратат на врвот и да бидат есенски шампион, ако Шкендија направи „кикс“ на гостувањето кај Новаци.
Брегалница е силно мотивирана и пред својата верна публика ќе атакува на нов триумф против гостинот од Кочани, натпревар кој ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 13 часот.
Брегалница е фаворит, Осогово го очекува тешко гостување, а „сините“ го играат последниот домашен меч за 2025 година и со тоа ќе се одјават од Градски.
На спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да го следите во живо натпреварот меѓу Каменица Саса и Беласица, кој се игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, исто така со почеток од 13 часот.
Саса дома игра во лоша форма има шест бодови, а во гости успеа да собере 11 бодови, а интересно е тоа што формата на струмичани на гостински терем им е подобра во однос на домашен терен.
Тоа ќе биде предност за Беласица, а Саса ќе мора да биде внимателна. Струмичани немаат право на грешка во трката за местата кои водат кон Прва лига, а пак Саса сака три бодови и можност да презиме меѓу најдобрите осум.
Александар Ванев, М-Нет