Штип УГД по европската победа силно мотивирано ќе атакува на двојната круна – започнува доминацијата на штипјани!

По големата и убедлива победа на македонскиот вицешампион Штип УГД на реваншот од европскиот Челинџ Куп над норвешкиот вицешампион Кол Ил во Радовиш и обезбедена следна фаза каде Штип УГД оди на мегдан со италијанскиот Милано, апетитите на клубот од градот под Исарот растат.

Штипјани играат допадлива одбојка, концепт кој го наметнуваат и започнуваат доминација на домашната сцена, двапати во низа освоена Куп титулата, а дефинитивно после европската победа мотивирано ќе се напаѓа двојната титула.

ИЗЈАВА 747G0414 Кристиан Ристески тренер на ОК Штип УГД 02:05 (па види некако) до 02:40 (двојната круна)

Штип УГД двапати во низа ја освојува Куп титулата, а сега ќе атакува на освојување и на шампионската титула, со што би била запрена доминацијата на струмичани.

Инаку, Штип УГД ја донесе првата Куп титула во градот од Исарот во колективните спортови, а потоа истата ја одбрани, а сега сака да ја донесе и шампионската титула со што се нижат најголеми успеси кога се во прашање колективните спортови.

Александар Ванев, М-Нет