Штип – Ноќеска ќе се прска против комарци

Ноќеска, од 02 до 07 часот наутро на територијата на општина Штип овластена фирма ќе спроведе тереистичка дезинсекција за уништување на комарците.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналиниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Третирањето ќе се изведува со соодветни препарати за уништување на комарци.  

Од општината ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.