Каратистот Марко Џорлев од Штип по четврти пат државен првак – обезбеди учество на ЕП

Младиот каратист Марко Џорлев од Штип бележи големи резултати, по четврти пат големиот талент стана државен првак на Македонија, првпат како кадат, откако претходно беше трипати државен првак во конкуренција на пионери.

Но, Џорлев испиша уште една голем успех – тој се пласираше на Европското првенство за кадети што ќе биде негово прво учество на европските првенства.

„Ова е моја прва година како се натпреварувам во кадети и прв настап на Државно првенство за кадети. Нормално се чувство разлика, за разлика од пионери кога бев помал, имаше доста конкуренција во мојата категорија имаше десет натпреварувачи од многу клубови од Македонија, но не беше многу тешко за мене, бидејќи добро спремен, бев фокусиран на тренинзите претходно имав добри подготовки и забележав шест победи. Ниту еден пораз и со тоа успеав да се квалификвуам на Европско првенство. Не само што станав државен првак, туку и обезбедив пласман за ЕП кое ќе се одржи февруари 2026 година во Кипар во Лимасол“, вели младиот Џорлев.

Како што вели Џорлев подготовките за неговото прво учество на Европското првенство започнуваат веќе уште денес, а младиот штипски каратист сега стана член на кадетската карате репрезентација на Македонија.

„Чувството е прекрасно бидејќи со ова станав член на кадетската карате репрезентација на Мкедонија, подготовки почнуваат можам да кажам уште денес, бидејќи ЕП знаеме дека е на многу високо ниво, ова е многу важно првенство уште неколку месеци има до ЕП, тоа се одржува во февруари. Така да, подготовките во најбрзо време ќе почнат“, дополнува Џорлев.

Џорлев е член на карате клубот Штип, а овој клуб на Државното првенство кое се одржа изминатиот викенд забележа голем успех со освоени многу медали.

„Освен јас што се пласирав во саботата на ЕП, ние имаме уште пет пласирани во неделата бидејќи Државното првенство се одржуваше во два дена. Тоа се Љупче Михаилов и Мила Панчева во помлади сениори У21, Душица Бреслиева, Драган Ефтимовска и Мила Штериева во јуниорки. Исто така морам да ги споменам и Никола Митев и Џем Пашов, кои за влакно не успеаја да се квалификуват, ги победија сите борби, но во последната борба која што беше многу важна за пласман за ЕП за влакно им избега да победат и да се пласираат и тие, но покажаа многу добри борби. Во кумити во борби сме најуспешен клуб на Државното првенство имаме дупло повеќе злата, имаме шест злата и шест пласмани на ЕП, второпласираните имаат по три, кои што се големи клубови од Скопје. Така да, сме убедливо прво место на оваа Државно првенство, а за подготовките уште не се знае, ќе почнеме со подготовки во мојот клуб со моите тренери Жарко и Сашко Арсовски, со моите клупски другари, а за подготовки настрана уште е рано ќе видиме“, ни изјави Џорлев.

Младиот каратист Марко Џорлев е голем талент, кој нижи големи успеси не само дома туку и на меѓународната сцена, дефинитивно Градот под Исарот е горд што има ваков голем талент, а пред кој сигурно ќе следува многу успешна кариера.

Александар Ванев, М-Нет