Над 300 присутни на 14. симпозиум по дентална медицина на Факултетот по медицинска науки во Штип

Денеска во Штип беше реализиран 14. симпозиум за дентална медицина во организација на Факултетот за медицински науки. Голем број предавачи, од државата и странство, студенти беа дел од настанот кој има за цел да ги едуцира младите идни доктори по стоматологија.

„Континуирана стоматолошка едукација на докторите по дентална медицина кои имаат обврска и задолжение, да следат симпозиуми и да собираат поени“ – вели доктор Папакоча.

Предвачи имаше од државата и странство, а студентите имаа можност да слушнат повеќе новитети на различни теми од нивната област.

„Јас сум презадоволен од бројот на млади колеги кои се овде да слушнат новини, бидејќи едукацијата е многу важна. На ваков начин може да се види каде сме, а мислам дека сме исти со Европа„ – вели Марковиќ.

„Генерално треба да се продолжи во овој правец. Се зборуваше на теми за дентална медицина, најнови истражувања во последните години. “ – додава Красиќ.

Радува фактот дека голем број млади денеска беа дел од настанот за понатамошна едукација и насоградување на нивното знаење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет