
Од наредната недела треба да започне откупот на тутун на откупниот пункт во село Карбинци. Со подобар квалитет оваа година, ќе се откупува по класи, благодарение на последните врнежи од дожд. Земјоделците очекуваат доба откупна цена, и солидно класирање на тутунот со цел да продолжи да се одгледува и во иднина.
„Ќе се цени по класи оваа година. Има тутунари, кај нас коонкретно во Штип и Карбинци имаме доволно, во плачковичкиот регион сеат повеќе. Ооваа годиина врнежите го повратија тутунот, имаше плус неколку берби, сѐ уште се бере тутун“ – вели Серафимов.
Најголем дел од произведувачите на тутун се од подплачковичките карбински села, но неколкумина има и во Таринци. Живко повеќе од 40 години се занимава со одгледување на тутун, вели за оние кои работат исплатливо е и има за еден скромен живот. Согласен дека оваа година квалитетот е добар, а солидна е и цената за откуп.
„Квалитетот е доба, има сметка во производството на тутун кој сака да работи. Цената лани беше 450 денари за килограм, сега е 500 денари.“ – вели Атанасов.
Во штипско карбинскиот регион успеваат и житариците, па како што велт земјоделците, се сее почесто и може да се најде по нивите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет