Ракометарките на Астибо, Ана Насева и Ана Марија Накова добија повик за настап за македонската пионерска репрезентација!

Ракометниот клуб Астибо е вистински расадник на ракометарки, под водство на искусната ракометарка Марија Анчева која е тренер, Астибо бележи големи резултати, а минатата сезона пионерската екипа беше и на фајнл-форот.

Селекторот на пионерската репрезентација на Македонија, Славиша Димитријески го објави списокот со повикани ракометарки, а на истиот се и двете ракометарки на Астибо. Се работи за голманката Ана Насева и за левиот бек Ана Марија Накова кои се големи таленти и кои во иднината ќе бидат сигурно и носители на играта на Астибо, а ќе се наметнуваат и во репрезентацијата што ќе биде гордост за градот под Исарот.

Инаку, голманката Ана Насева доби признание на спортската манифестација за избор на најдобар млад спортист на Истокот до 18 години во избор на М Нет телевизија.

Собирот ќе се одржи во понеделник на 17 ноември во 9 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет