
Одржана првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани. Со едноминутен молк во знак на почит кон жртвите од пожарот во дискотеката Пулс, новоизбраните советници ја започнаа првата седница. Потоа се изврши верификација на мандатите на сите 19 советника.
Советникот Александар Андов од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, беше избран за претседател на советот на Општина Кочани и оваа функција ќе ја извршува во наредните четири години.
Андов доби поддршка од советниците од ВМРО ДПМНЕ, двајца независни советници, од советникот од ЗНАМ и Аки Акиов.
Новоизбраниот состав на Советот на Општина Кочани е составен од 19 советници од кои девет се од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ, четири советника од независната листа на Благица Сабовлевиќ Стоименова, двајца од независната листа Сакам живот во Кочани, еден советник од ЗНАМ и Аки Акиов.
Во петок е закажана и нова седница на Советот на Општина Шти, на која ќе се почне и официјално со работа и носење одлуки за доброто на градот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет