Уште три дена истекува рокот за данок на имот, над 60% веќе наплатени, ќе има камати за сите кои нема да платат

Уште само три дена истекува рокот за плаќање на данок на имот, над 60 проценти од данокот веќе се наплатени. Општина Штип потсетува дека сите кои нема да ги подмират своите обврски до 15 ноември, ќе се соочат со камати или присилна наплата. Драган Каров од Одделението за данок при Општина Штип вели дека трендот на наплата е во пораст, а даночните обврзници стануваат сè поодговорни. Општината апелира, граѓаните да платат навреме и да ги избегнат дополнителни трошоци.

,,Апелираме до граѓаните и фирмите даночниот долг кој го имаат по основ на решенија данок на имот дека треба да го исполнат до 15 ноември, кога завршува закнскиот рок за плаќање на стите. Потоа општината за неплатените решенија мора да пресметува камата за истите , како и да се оди кон непопуларната мерка за присилна наплата за присилна наплата за оние кои што не платиле.“, рече Каров

И покрај краткиот рок до 15 ноември, општината бележи значителни резултати. До овој момент, веќе е напалатено значителен дел од очекуваните приходи.

,,Споредбено со претходните години, процентот на наплата секоја година се зголемува, значи даночните обврзници стануваат по дисциплинирани и до овој момент општината има наплатено од очекуваните 60 милиони, над 35 милиони од данокот на имот од 2025 година.“, додава Каров

Општината апелира до сите граѓани и фирми и понатаму апелира да ја подмират својата обврска, со цел да се избегнет дополнителни трошоци. До крајот на годината се очекува да се надмине 70% од наплатата на данок на имот. Парите собрани од данокот се инвестираат во капитални проекти.

Иван Митев, М-Нет