Oд 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема, возачите речиси подготвени

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема. Времето се менува, температурите паѓаат, а полицијата потсетува – без зимска опрема нема безбедно возење, ниту толеранција на патиштата. Возачите се подготвуваат, некои веќе ги смениле гумите, други чекаат последен момент, но сите се категорични зимската опрема е од големо значење за секој еден зад воланот.

Но, и од Министерството за внатрешни работи денес потсетија дека од 15 ноември до 15 март е задолжително поседувањето на пропишана зимска опрема. Според Законот за безбедност на сообраќајот, возилата што немаат зимски гуми или синџири за снег ќе се соочат со казни и забрана за движење.

,,За моторни возила кои не надминува 3.500 кг:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм.

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.“, велат од МВР

Зимата може да изненади преку ноќ, затоа возачите треба навремеда се подготват за да не ризикуваат на пат. И понатаму од МВР апелираат возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи како што од таму велат се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Иван Митев, М-Нет