
Кошаркарките на штипска Тим Арена имаат одличен старт на новата сезона во Втората лига, откако по две одиграни кола запишаа две победи и практично штипскиот тим е единствениот со две победи од два меча и со четири бодови е на првото место на табелата.
Тим Арена се врати во сениорската кошарка по неколку сезони пауза, а во рамки на првото коло славеше кај Риниа Баскет со резултат од 44:65 за висока и убедлива победа на штипскиот тим.
Во второто коло Тим Арена го доби и мечот со Охрид откако натпреварот со доби со шест поени разлика односно со 40:46.
Во рамки на 3. коло екипата на Тим Арена ќе биде слободна, додека пак во 4. коло Тим Арена ќе се соочи со екипат ана Гостивар.
Во однос на самата табела екипата на Тим Арена има четири бодови, на делба на второто место се три екипи со по три бодови односно Гостивар, Охрид и Гевгелија, Струга пак има два бодови односно има една победа од еден натпревар, а пак Шкупи е шести со два бодови и два порази, на дното е Риниа со еден пораз од еден меч односно екипите на Струга и Риниа Баскет имаат меч помалку.
Александар Ванев, М-Нет