Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Беласица, сабота од 13 часот

Брегалница на мегдан со Беласица – дерби во Штип на две екипи кои претендираат за влез во Првата лига. 12-тото коло го носи соочување на второпласираната штипска екипа и петтопласираната струмичка екипа, дерби кое ќе го следите во живо на М Нет телевизија.

Трите бодови се цел и за двете екипи и сигурно е дека само со трите бода ќе се задоволат во битката да стигнат до првата позиција.

Брегалница е непоразен тим, а од последните пет средби има две ремија и три победи, додека пак Беласица излезе од резултаската криза и се врати на победничките патеки со две победи во низа.

Нападот е идентичен на двете екипи со тоа што Брегалница има 25 постигнати погодоци, а Беласица има 27, но дефанизвно штипските „сините“ двојно подобри со шест примени погодоци, во однос на струмичката мрежа која 12 пати се тресеше на досегашните 11 натпревари.

Следете го соочување на штипјани и струмичани преку директен пренос од Градскиот стадион во Штип на М Нет телевизија, сабота од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет