
Второто коло од Првата одбојкарска лига на Македонија во машка конкуренција донесе убедлива победа за освојување на Купот на Македонија, екипата на УГД Штип која со убедливи 0:3 славеше над Скопје на гостински терен.
За штипјани ова беше меч на тотална доминација и лесно остварување на својата цел – нова победа.
Шампионот Струмица со убедливи 0:3 во сетив славеше над Лирија на гостински терен, а исто така лесна и убедлива гостинска победа имаше екипата на Сушево која со 0:3 го доби тимот на Македонија Џио.
Шкендија на домашен терен однесе исто така победа со 3:0 во сетови против тимот на Весна Пробиштип, а пак Работнички со 3:0 во сетови го доби Борец.
Колото се затвара со мечот меѓу Јанта Волеј и Универзитет Тетово.
Александар Ванев, М-Нет