
11-тото коло на Првата женска фудбалска лига се игра утре, а истото носи возбудливи натпревари и дерби натпревари каде трите бодови ќе бидат императив за екипите во остварувањето на своите цели.
Фудбалерките на Кочани ги очекува дерби од дното на табелата, дерби против Речица, тоа ќе биде соочување на две екипи кои водат битка за опстанок во Првата лига. Со по четири бодови двете екипи се на дното од табелата, а трите бодови од нивниот меѓусебен дуел ќе бидат капитални во битката да се обезбеди директен опстанок.
Без право на грешка се и двете екипи, Речица има мала предност поради домашниот терен, Кочани ќе се потпира на неколкуте искусни фудбалерки.
Дербито на колото го играат актуелниот шампион Љуботен и поранешниот шампион Каменица Саса. Трите бодови се цел за шампионот особено по ремито со Истатов, па така Скопје се доближи на само еден бод, а пак Саса која не игра според тоа што се очекувате и да биде конкурентна за титула има престиж со кој сака да го совлада Љуботен и тоа да биде прв пораз за шампионот.
Вардар на домашен терен ќе има повеќе од тежок меч против тимот на Тиверија Брера кој ќе биде фаворит на овој меч, а пак Скопје како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со Топ Гол од Битола.
Неизвесен дерби меч ќе има и во Струга каде се среќаваат Ас Јунајтед и Истатов.
Александар Ванев, М-Нет