Астибо од Штип се засили со две ракометарки од Ангола!

Екипата на Астибо се засили со две ракометарки кои во Штип доаѓаат од Ангола, со што штипскиот тим ќе атакува на што подобар пласман во Суперлигата.

Пред стартот на сезоната екипата беше засилена со неколку искусни домашни ракометари, а сега пристигнаа и интернационални засилување во тимот на Дејан Величков.

Се работи за Жанет Вероника Хомба и Мауде Кумбелембе Бартоломео кои се поранешни младински репрезентативки на Ангола.

Бартоломео има 21 година, а станува збор за ракометарка која игра како лево крило, а претходно беше дел од екипата на Каса Песоал До Порто.

Хомба која игра како лев бек има 22 години, претходно настапуваше за екипата на Премиеро Де Аугусто.

Астибо досега одигра седум натпревари, на нив забележа само една пбоеда и едно реми, а впиша пет порази, па со три бодови е на шестото место. Во следното коло ќе гостува кај Спартак, тим кој нема триумф, па за штипскиот тим кој сега има засилување и од Ангола тоа ќе биде идеална шанса да се забележи триумф и да може да прогреси на табелата.

Александар Ванев, М-Нет