
Текстилец како голем фаворит ќе гостува кај „фенерџијата“ Кичево, во меч од 8. коло на Првата ракометна лига.
Штипјани кои се во победничка форма би требало да ја оправдат големата фаворитска улога и со тоа да дојдат до петиот триумф во сезоната, а со тоа и можност за прогрес на табелата.
Во досегашниот тек од сезоната Текстилец од шест меча има четири победи и два порази, па со осум бодови е на делба на петото место со тимот на Јехона.
Како голема предност за Текстилец е тоа што во своите редови има двајца од најдобрите стрелци во лигата – Јован Атанасовски и петиот најдобар стрелец со 51 постигнат гол, а пак Филип Џинес е десетиот најдобар стрелец со 39 погодоци.
Во рамки на осмото коло Партизан на домашен терен ќе игра со Преспа, Вардар Неготино на домашен терен како голем фаворит ќе го пречека Аеродром, додека пак Македонија ЃП ќе бара триумф против Шампион во израмнет меч.
Овче Поле ќе има тешка задача на домашниот терен во Свети Николе, каде гостува тимот на Драчево Јуниор кој е фаворит, а пак Младост во Богданци како апсолутен фаворит ќе се соочи со Јехона.
Александар Ванев, М-Нет