
Парите се потрошија за реклами за избори, а не за изградба на нови центри за лицата со попреченост – реачира Зоран Мијалков, татко на деца со попреченост од Штип. Како што вели редно време е да се реагира и да се направи нешто за овие деца кои се дел од општеството.
„Еве последното на Локалните избори се виде колку пари се потрошени само за реклами. Со тие пари можеа да се изградат центри во сите градови во Македонија да се помогне. Не станува збор за пари туку за желба. И конечно родителите мора да се разбудат и да се избориме за нашите деца“ – вели Мијалков.
Мијалков повикува на мирни собири кои после изборите ќе се одржат на плоштадоте во сите градови. Целта е да се добијат прават кои ги заслужуваат овие деца и лица кои живеат овде.
„Да се собереме ние на плоштадите, да не видат колку сме, на мире начин да издејствуваме конечно нешто да тргне од мртва точка за овие деца“ – вели Мијалков.
Потребни се нови регистри, државна стратегија диктирана од засегнатите лица, центри, асистенти, помош, сега и веднаш додава Мијалков.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет