
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.М. од Виница, вработен во угостителски објект, Г.Ј.(51) од Виница, управител на угостителскиот објект иправното лице – угостителски објект поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 19.07.2025 во угостителскиот објект во Виница полициски службеници затекнале тројца малолетници кои биле послужени со алкохол од првопријавениот, а второпријавениот не го спречил тоа иако бил должен да обезбеди контрола во објектот.