
Поради одржувањето на вториот круг од локалните избори, кој се закажани за во недела, ќе се одложат натпреварите од деветтото коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Натпреварите кои требаше да се одиграат во недела на 2 ноември, се одлагаат за следната недела односно на 9 ноември.
Во меѓувреме ќе бидат одиграни трите одложени натпревари, па до почетокот на деветтото коло сите одложени натпревар ќе бидат комплетирање.
Веќе денес се игра одложениот натпревар меѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро од шестото коло, а пак в сабота на 1 ноември ќе се одиграат останатите два одложени натпревари.
В сабота се игра дербито од седмото коло меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово, како и натпреварот меѓу Брегалница Делчево и Тиверија од осмото коло.
Тоа значи дека следниот викенд кога ќе се играат натпреварите од деветото коло ќе бидат комплетирани претходните осум кола и со тоа ќе го имаме конечниот изглед на табелата во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, М-Нет