Одбојкарите на Штип УГД убедливо славеа над Сушево во првото коло, Македонија Џио до тешко славје во Пробиштип

ФОТО: ОК Штип УГД

Одбојкарите на Штип УГД победнички ја отворија новата сезона во Првата лига, откако во рамки на воведното прво коло го декласираа тимот на Сушево на гостински терен со 0:3.

На овој начин освојувачот на Купот предводен од тренерот Кристиан Ристески има одличен старт во новата сезона во која одново Штип УГД ќе оди на два фронта, освојува на титулата во шампионатот и одбрана на Куп титулата.

Работнички без проблеми на домашен терен со 3:0 во сетови го доби натпреварот против Скопје, во меч каде домаќинот кој важеше за голем фаворит лесно стигна до овој триумф.

Борец на домашен терен без проблеми ја доби Лирија со убедливи 3:0 во сетови, па така бодови останаа во Велес.

Два натпревари понудија голема неизвесност каде имаше голема борба за позитивен старт на сезоната. Весна Пробиштип на домашен терен загуби со 2:3 во сетови од екипата на Македонија Џио, додека пак Универзитет Тетово беше подобар од Шкендија со 3:2 во сетови.

Првото коло ќе се комплетира со натпреварот меѓу шампионот Струмица и Јанта Волеј, натпревар кој беше одложен поради европските предизвици на струмичани.

Александар Ванев, М-Нет