Вардар го доби дербито во Тетово со Шкендија и стана нов лидер во ПМФЛ

ФОТО: ФК Шкендија

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар го доби дербито со актуелниот шампион Шкендија славејќи во Тетово со минимални 0:1, а благодарение на голот од пенал на Бабунски постигнат во вториот дел.

Со овој натпревар се комплетираше 10. коло на Првата лига, а сега најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб е нов лидер во елитата. Ова беше дерби на двата директни конкуренти за титулата, а Вардар сега излезе победник во големото дерби.

Во следното коло Шкендија ќе гостува кај Брера Струмица, а Вардар дома ќе игра со Силекс во дерби на колото.

Александар Ванев, М-Нет