
Денес се одиграа натпреварите од деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига, кое донесе многу возбудувања и неколку изненадувачки резултати.
Победа од Прилеп забележа значаен триумф на тешко гостување во Струмица, совладувајќи ја Беласица со 1-2. Со овој пораз продолжува резултатската криза кај струмичани, кои неодамна направија промена на тренерската позиција.
Детонит Плачковица беше сигурен на домашен терен и со 3-1 го совлада Вардар Неготино на градскиот стадион во Радовиш. Тимот на Скопје со минимални 1-0 славеше против Новаци, додека фаворитот Брегалница рутински со 0-2 триумфираше на гости кај Голем Коњари.
Охрид ја забележа најубедливата победа во ова коло, совладувајќи го Саса со неверојатни 6-1, а Преспа славеше важни три бода пред својата публика по победата од 3-1 против Тетекс.
Во Шкендија Арачиново со минимални 1-0 беше подобра од Осогово, додека Слога Виница продолжува со негативна серија — овојпат беше поразена со 0-2 од Кожуф, меч кој го следевте на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет