Хераклеа домаќин на Винеам, Гевгелија ќе се соочи со ИБА Баскет

Овој викенд ќе започне новата сезона во Аматерската Трета кошаркарска лига со натпреварите од првото коло. Во новата сезона од оваа натпреварување ќе учествуваат осум екипи.

Во рамки на првата рунда екипата на Гевгелија ќе го прчеека тимот на ИБА Баскет, Дибра Иглс на домашен терен ќе се соочи со тимот на Конзули.

Во рамки на првото коло екипата на Хераклеа ќе игра со тимот на Винеам, додека пак Чаир ќе се соочи со Шар Планина на домашен терен.

Според пропозициите плеј-оф обезбедувата првопласираните четири екипи од првиот дел. Полуфиналето ќе се игра според принципот подобар од три натпревари во формат 1-1-1 со предност на домашен терен на подоброрангираните екипи.

Влезот во Првата лига или ланскат Втора лига е така што победниците од полуфиналето обезбедуваат место во финалето, кое се игра според истиот систем како и полуфиналето, а победникот во финалето ќе обезбеди пласман во Првата македонска лига во машка конкурнеција за сезона 2026/2027.

Александар Ванев, М-Нет