Пурвис со луда тројка донесе победа за Кожув – откако ги шокираше сите во сала, конечно радост за Работнички!

Неверојатна драма во Гевгелија со среќен крај за Кожув кој стигна до втората сезонска победа во кошаркарската Суперлига, откако мечот со Гостивар, домаќинот го доби благодарние на Пурвис, кој со тројка со звукот на сирената донесе огромна радост за Кожув кој славеше со 73:72.

При резултат од 70:71 гостинот реализираше едно од двете слободни фрлања и дојде до 70:72. Таман кога сите во салата помислија дека Гостивар ќе слави, Пурвис ги шокираше сите во салата, особено навивачите на Гостивар, откако постигна тројка со звукот на сирената за славје од 73:72.

Кај Кожув најефикасен на средбата беше Декариј Николас со 19 поени, а кај Гостивар се истакна Глен Абрам со 21 поен.

Екипата на ТФТ Скопје ја продолжува одличната серија резултати, а на стартот од сезоната има три од три, откаок го доби Чаир на гостински терен со убедливи 64:82. Втората четвртина се покажа клучна откако истата ТФТ Скопје ја доби со 13:22 и тука се направи поголемата резултатска предност.

По лошото отварање на сезоната со два порази во низа Работнички конечно се израдува на триумф, откако во меч од третото коло на Суперлигата го доби тимот на Тиквеш на домашен терен со 99:87.

Хатсон со 22 поени беше најдобар кај Работнички, а пак кај Тиквеш се истакна Андерсон со 20 поени. Центарци со странските засилувања делува како друг тим и со тоа Работнички се израдува на првото сезонско славје.

Александар Ванев, М-Нет