Кривична за маж од М.Каменица, ја прекршил судската одлука за семејно насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 44- годишен маж од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Пријавениот, не постапил по правосилна судска одлука, со која му му се изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство во траење од една година.