Три дена до изборите, партиите со презентација на проекти, ДИК започна дистрибуција на изборниот материјал

На три дена пред осмите по ред Локални избори, предизборната кампања во тек, кандидатите за градоначалници со преставување на програмите и проектите пред граѓаните. Секојдневно се одржуваат митинзи, средби со граѓаните во различни населени места со цел сите да бидат запознаени со она што ќе следува наредните четири години. Но, според поголем дел од анкетираните граѓани кампањата е беспотребна.

Најголем дел од повозрасните граѓани се со став дека ќе излезат на гласање бидејќи секој има право да одлучува за иднината на својот град.

Инаку, Државната изборна комисија (ДИК) денес ги започна доставите на изборниот материјал за локалните избори на 19 октомври.

Испратени се 4.613.438 гласачки ливчиња, а едно е со должина од 500 милиметри, или половина метар.

Изборниот материјал, кој вклучува листи, гласачки ливчиња, записници и други доверливи документи, се дистрибуира низ целата земја преку 17 тимови на ДИК и со поддршка од МВР.

Дистрибуцијата денеска обединува не само ливчињата, туку и 254.262 страници избирачки списоци, 8.692 оригинални записници, како и 8.330 примероци на Браeјево писмо за лицата со оштетен вид.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет