Од 23 до 25 октомври во НУЦК “Ацо Шопов“ Штип ќе се реалзизира 40 јубилејно издание на Макфест

Од 23 до 25 октомври во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ќе се одржи 40. јубилејно издание на фестивалот на забавна музика Макфест. Подоготовките веќе се во тек, се одржуваат проби, со што се очекува наредната недела Штип да пулсира во ритамнот на македонската музика. Новитет оваа година е што Макфест ќе се одржува три вечери по ред, настанот ќе биде во живо како и претходно, со поставен 150 метри дис плеј, а се изработуваат и визуелизации за секоја песна.

„Музичарите ќе бидат пратени од оркестар кој ќе го сочинуваат 20 солисти. Очекуваме оваа и наредната недела Штип да вибрира во знаците на Макфест.“ – вели Арсовски.

Ќе се престават 40 изведувачи трите фестивалски вечери, од државата и од странство.

„Во првата вечер имаме 13 композиции, втората вечер иамме 14 песни, таму се поафирмирани пеачи“ – вели Саздов.

„Во третата вечер поканивме пеачи бвуквално до секоја декада, гледавме да ги опфатиме пеачите од деведесетите години кои не ги гледаме често.“ – вели Јованов.

Дел од изведувачите на Макфест и по долги години се сеќаваат на почетоците, на изведбите на овој фестивал и резултатите кои ги постигнале. Сите согласни дека станува збор за еден од најдобрите фестивали на забавна музика во државата.

И оваа година на Макфест ќе се избира најслушна песна, а фестивалот нема да има натпреварувачки карактер со победници.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет