Смиљанов: Граѓаните да излезат и да гласаат на 19 октомври, во фер и демократска атмосфера

Граѓаните да излезат на гласање во недела на 19 октомври и да изберат паметно порача носитело на советничката листа на „Коалицијата за зелена иднина“, Милчо Смиљанов. Истакна дека на Советот му се потребни млади, но и искусни луѓе кои би можеле да придонесат за подобри одлуки за самата општина.

„Ги повикувам граѓаните на град Штип да излезат во недела на избори и во една мирна атмосфера, фер и добро расположение да завршат успешно изборите. Се надевам дека ќе бидам дел од Советот на општината.“ – вели Смиљанов.

Секој треба да го искористи своето демократско право на глас, повтори Смиљанов.

„Повторувам излезете на избори, гласајте по ваш избор, но важно е да одберете и млади и искусни луѓе кои ќе знаат посветено да работат. “ – додава Смиљанов.

„Коалицијата за зелена иднина“ како дел од своите приоритети ги посочи здравството, образованието и социјалната заштита.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет