
Локалните избори ќе го одложат почетокот на новата сезона во Првата кошаркарска лига, која требаше да стартува овој викенд.
Натпреварите од првото воведно коло ќе се одложат за неколку дена и истите ќе се одиграат веднаш после локалните избори.
Како и што информираат од Кошаркарската федерација на Македонија, стартот на новата сезона во Првата лига бил предвиден за 18. односно 19. октомври, но поради изборите ќе биде поместен за неколку дена.
Во рамки на првото коло во групата А екипата на Мега Баскет ќе игра со Црн Дрим, Вардар со Тетекс ТТК, а пак Водно Санс со Охрид, додека пак Младинец ќе биде слободен.
Во групата Б во првото коло Соколи од Штип ќе игра против Борец Баскет во Велес, Ролинг против Струмица ФМП, а пак Спортисимо против Овче Поле. Во првото коло слободна ќе биде екипата на Бутел.
Александар Ванев, М-Нет