Денес беа изнесени завршни зборови од судењето за родителот кои нападна фудбалери на ФК Брегалница

Денес во основниот суд во Штип беа изнезени завршните зборови за случајот со нападнатите млади фудбалери од пионерската екипа на Брегалница на натпреварот против Шкупи, кој се одигра на 24 август на стадионот Бело Брдо во Штип.

Јавниот обвинител денес предложи судот да изречи построга казна затвор која ќе има превентива и воспитно дејство не само кон обвинетиот туку кон сите останати кои мислат дека спортски натпревари се место за насилство, хулиганско однесување и манифестирање на сопствен револт и незадоволство. Јавниот обвинител побара судот да го огласи обвинетиот за виновен за сторено кривично дело од член 386 од став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик и да му изречи ефективна казна затвор чија висина да биде одмерена по извршената евалуација на ослободителните и отежнителните околности.

Мерката притвор на обвинетиот му се заменува со мерки на претпазливост заради негово обезбедување и присуство и не пречено водење на кривичната постапка, а мерките кои се предложени од страна на Јавниот обвинител се мерки за забрана на напуштање на местото на живеалиште односно престојувалиште односно подрачијето на град Скопје каде што живее обвинетиот, обврска обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице пред надлежен орган кој ќе го определи судот и привремено одземање на важечка патна исправа и забрана за напуштање на државната граница со лична карта.

Одбраната на обвинетиот побара судот да донесе ослободителна пресуда за обвинетиот.

Судот најави дека во следните денови ќе биде објавена и пресудата за овој случај.

Инаку, на 24 август се одигра натпреварот од првото коло на помладата пионерска суперлига на Македонија меѓу Брегалница и Шкупи на стадионот Бело Брдо во Штип, кога родител на фудбалер на ФК Шкупи нападнал двајца фудбалери на ФК Брегланица, а кои фудбалери се здобиле со повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.

Овој натпревар заврши со триумф за Брегалница со резултат од 2:1.

Александар Ванев, М-Нет