Високи сметки за струја – зимата се уште незапочната, граѓаните штедат колку што можат

Високи сметки за струја уште на стартот од грејната сезона – граѓаните се соочуваат со удар врз домашниот буџет. Иако температурите се уште не се спуштиле, сепак сметките се веќе повисоки од лани. Многумина сведочат дека трошат помалку, но плаќаат повеќе. Се штеди на струја, но и на основни потреби, само за да се преживее месецот.

Граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат, кој готви ноќе, кој пере на вечер. Евтината тарифа стана спас, но и опција за преживување.

Зимата се уште не започнала, а паричниците веќе се празнат. Штедењето станува секојдневие, а плановите за топол дом се прилагодуваат според ценовникот на струјата. Додека едни сметките ги плаќаат со мака, други се враќаат на печки и дрва. Но и тие не се евтини како порано. Прашањето е – дали оваа зима ќе се спасат барем тие што имаат дрва?

Иван Митев, М-Нет