
По 25-ти пат, болката ниту помала во Кочани. Скршени, но непокорени, родителите на трагично загинатите деца од Кочани и оваа сабота испратија јасна порака „ Нема да застанеме, правдата ќе ја бараме.“ Со солзи во очите и болка која не се опишува, редици граѓани маршираа низ улиците на Кочани, во тишина што зборуваше повеќе од илјада зборови.
Транспарентите овој пат не беа толку моќни, колку зборовите на мајките кој секого го оставаа замислен и потиштен, ние сме мртви луѓе, пропаднавме, нашите деца гнијат во гроб, за пусти пари ни загинаа 62 деца , беа тешките реченици на сотренети од тага родители.
Родителтие на починатите и понатаму потенцираат, секоја сабота ќе маршираат. Велат овој случај, ако остане без правда, истиот може да се повтори на друго место.
И оваа сабота, родителтие на починатите, нивни роднини, блиски пријатели, сограѓани маршираа по 25 пат, брајаќи правда за децата, кои трагично загинаа во дискотетката Пулс во Кочани на 16 март. Починаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Иван Митев, М-Нет