
Започна пријавувањето на болни и немоќни лица за гласање во домашни услови. До сега во ОИК Штип има поднесено околу десетина барања, а рокот за пријавување е до петок 10 октомври. Оваа недела ОИК Штип ќе работи со продолжено работно време со цел да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
„Пријавувањето за болни и немоќни е веќе започнато, имаме неколку апликации пристигнато односно барања. Крајниот рок за пројавување е до петок 10 октомври кога ОИК ќе има дежурство до 24 часот., а од денеска па до четврток ќе работи до 21 часот. “ – вели Вацев.
Пријавувањето може да се изврши директно во просториите на ОИК Штип, како и електорнски со скренирани документи на маил. Едно лице може да биде полномошник на две болни и немоќни лица кои сакаат да гласаат во домашни услови.
„Може да се пријват директно во ОИК или може да поднесат документација скренирана на маил. Се доставува копија од лицето кое сака да гласа, копија од лицето кое е полномошник и валидно решение за туѓа нега или користење на мобилност или документација од специјалист“ – вели Вацев.
Болните и немоќни лица гласаат во домашни услови ден пред изборите однонсо на 18 октомври.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет