Трендафилов: Веднаш треба да се зголеми минималната плата во државата!

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена истакна денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, од Штип. Вели дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не може да се преживее месецот.

„Минималната, но и сите останати плати мора веднаш да се зголемат. Еден работник според последните податоци од Народната банка заработува на својот работодавач меѓу 300 и 600 илјади денари. Тој доаѓа на работа, работи за себе, ја заработува платата на директоро, на менаџерскиот тим, заработува за инвестиции, коли, викендици за работодавачот.“ – вели Трендафилов.

Додава дека две минимални плати не можат да ја покријат минималната синдикална кошничка, со што се вклучува алрамот за покачување на минималната плата. 500 евра се минималните плати во регионот со што младите не мораат да заминуваат на печалба во Германија туку повеќе може да заработуваат во Србија, Босна и Херцеговина дури и во Албанија.

„Вредноста на синдикалната минимална кошница која се пресметува од 2011 година беше одснова за носење на Законот за минимална плата.

До денеска се органзиирани 22 протести и два штрајка со цел да им се покаже на работодавачите дека минималната плата треба да биде згоолемена на најмалку 500 евра со цел да може соодветно да се преживее месецот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет