Со дебати, форуми, изложба, литературен конкурс, утре започнува Текстилијада 9 во Штип

Со низа настани утре започнува „Текстилијада 9“ во Штип. Предвидени се форуми, дебати, настани збогатени со визуелна изложба, промоција на весникот Текстилец и слично. Настанот е од Интернационален карактер со оглед на фактот дека учествуваат синдикати од странство. Дополнително вклучени се преставници од Владата и одредени министерства со цел да се разговара и да се најдат решенија за тешката ситуација во која се наоѓа текстилната индустрија.

„Започнуваме во 10:30 часот и ќе имаме Форум за модернизација на приватниот сектор бидејќи сметам дека за оваа тема треба да се разговара повеќе од било кога. Особено сум горда оваа година на визуелната изложба која ќе биде во текот на утрешниот ден во Мултимедијалниот центар Киро Глигоров. Би сакала да ги споменам и дебатата во сабота на 4 октомври, а ќе имаме и промоција на весникот Текстилец, престава со младите како што имавме и минатата година“ – вели Ампева.

Дополнително ќе се одржи и дебата со кандидати за градоначалници од дел до општините од Истокот, а овде е и литературниот конкурс за кој голема заинтересираност имаше и оваа година.

„Утре во 13:30 часот почнуваме со Регионалната конференција на тема родово одговорно буџетирање за Источен регион. На оваа дебата свое обраќање ќе имаат и кандидатите за градоначалници од Штип, Делчево и Виница. Продолжуваме со ликовниот конкурс на кој пристигнаа над 38 литературни творби“ – вели Дишоски.

Текстилијада е насатн кој се одржува секоја година со цел да се почитуваат прават на работничките и да се подобри ситуацијата во која се наоѓа текстилната индустрија во Штип, но и целиот Исток.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет