
Ракометарите на Текстилец од Штип имаат одличен старт во новата сезона на Првата лига со две победи од два натпревари, откако штипјани во третото коло беа слободни.
Текстилец со победа од 27:26 над Аеродром ја отвори сезоната во Штип, а пак во Ресен ја доби преспа со 24:28 и со тоа има максимални четири бодови на своето конто, а во рамки на четвтото коло ќе се соочи со Партизан во гости.
По три кола екипите на Драчево и Мулти Есенс имаат максимални шест бодови со три од три, а Младост кој беше слободен во првото коло забележа две победи над Партизан и дома го доби големото дерби со Вардар Неготино со што тимот од Богданци има два од два и максимални четири бодови.
Од три натпревари четири бодови има Вардар Неготино, а пак Овче Поле, Аеродром, Јехона, Партизан и Македонија ЃП имаат по два бодови, без бодови се Преспа и Шампион, а пак Кичево е со минус еден бод.
Со 23 гола најдобар стрелец е Стефан Стефановски од екипат ана Кичево, Димитар Петковски од Драчево Јуниор, каок и штипјанецот Иван Димчевски кој настапува за Овче Поле имаат по 22 голови. 20 погодоци постигна Бобан Петров од екипата на Македонија ЃП, а пак Јован Атанасовски од Текстилец има 18 реализации на два меча или просек девет погодоци по меч.
Александар Ванев, М-Нет