Инспекција од УЕФА го посети стадионот во Штип, за изградбата на западната трибина!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на последната седница ги информираше членовите на Управниот одбор за актуелната состојба со изградбата на западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

Како што информираат од ФФМ, според претходно договорена динамика, конечниот исход за завршување на сите градежни работи и за техничкиот прием беше предвиден за 31 јули 2025 година.

Минатата седмица стадионот во Штип го посети инспекција од УЕФА, по приемот на официјалниот извештај од претставниците на УЕФА, Управниот одбор на ФФМ ќе донесе соодведна одлука и ќе утврди кои понатамошни постапки и легитимни чекори ќе бидат превземени.

Инаку, Брегалница годинава цели кон влез во Прва лига, а по шест кола штипските „сини“ се на врвот од табелата.

Александар Ванев, М-Нет